Заев: Очекувам уставните измени да се изгласани во јануари

„Пренесуваме силна поддршка од Европскиот парламент за Договорот од Преспа, којшто е оценет како пример пред се за регионот на Западен Балкан, но и пошироко за цела Европа“, истакнале европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн, по средбата со премиерот Зоран Заев.

Пратениците од Европскиот парламент изразија силна поддршка за перспективите на Македонија во Европската унија и во НАТО. Тие изнесоа очекување дека уставните измени ќе бидат донесени во Парламентот, како и дека Македонија, потоа, со уште побрзо темпо ќе ги продолжи интеграциите во ЕУ.“, се наведува во соопштението од Владата.

Оттаму додаваат дека премиерот Заев нагласил дека очекува во втората половина на јануари да се изгласаат уставните измени, како и дека поканата за НАТО и можноста за почеток на преговорите со ЕУ се висока мотивација за институциите во реформскиот процес.