Заев очекува договор за Законот за јавно обвинителство

Лидерот на СДСМ Зоран Заев очекува договор за законот за јавно обвинителство, затоа што, како што вели, на сите им стана јасно дека се работи за правно формално потребно решение за државата. Апелира, по одржаната јавна расправа во Собранието, во наредните три дена партиите да ги оформат сите предлози, тие во форма на амандмани да бидат вградени во законот и, како што вели, ако треба Владата во понеделник да го достави до Собранието и тој да биде изгласан до пред распуштање на Парламентот.

– Треба да го донесеме првин заради државата и нашиот народ, а секако би било добродојдено да дадеме алатка и аргументи плус на еврокомесарот и земјите членки на ЕУ при следното одлучување за нашата земја најавено за мај во Загреб, секако имајќи предвид дека изборите се на 12 април, Владата ќе се формира некаде во мај и убаво е да го донесеме. Во случај и да не го донесеме треба да го донесеме после изборите. Што ќе промениме? Дали ќе и помогнеме на државата или не. дајте сите да и помогнеме на државата, изјави Заев.

Тој нагласи дека се работи за решение со европско знаменце, согласно со Националната европска стратегија, коешто може да биде усогласено до крај на работењето на овој парламентарен состав.

– Верувам дека може да се донесе вакво решение. Драго ми е што стигна убав позитивен сигнал за одговорноста од независната пратеничка група, којашто ме охрабрува, тие не се безусловни, имаат свои услови и сакаат да го подобрат законот, верувам дека ќе вградат содветни решенијаво самиот закон кој што ќе биде навистина гледано и од очите на опозиционерите, но би бил најсреќен ако се донесе со консензус, изјави Заев, при учеството на панелот „Шанси,очекувања и предизвици за стопанството за 2020“, во организација на Делегацијата на германското стопанство во државава.

Министерката за правда Рената Дескоска за утре во Собранието најави средба на работните групи со претставници на сите пратенички групи на која треба да се усоглсат за законот за јавно обвинителство.