Заев во Дебрца рече влогот во инфраструктурата е влог во развојот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес го започна караванот на „Најдоброто за мојата општина“ Белчишта во Општина Дебрца. Во изјавата тој рече:

-Градиме за нашиот народ – асфалт наместо кал. Затоа се обврзуваме да донесеме водовод и канализација онаму каде што нема, а онаму каде што има редовно да го одржуваме и унапредуваме.

Токму затоа влогот во инфраструктурата е влог во развојот. Комуналната инфраструктура останува во нашиот фокус, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.

За само четири години изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. За само 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради.

Покажавме дека има пари во државата и да растат платите и да се инвестира во капитални проекти, рече Заев.