Заев: Од одлуката на изборите ќе зависи во кој правец ќе се движи нашата земја

Најважно е да успеат изборите и да се избере претседател на државата. Тоа е многу важна функција, функција којашто е првиот репрезент на државата, надвор, но и репрезент, внатре, нашиот Врховен командант на нашата Армија, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по гласањето во Струмица.

Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет. Сега очекувам да после изборите продолжиме со проектите, да продолжиме со процесите, да продолжиме со развојот, да продолжиме со унапредување со квалитетот на животот на нашите граѓани. Се надевам дека изборите ќе бидат успешни и се надевам дека ќе се движиме напред, заедно како што не личи – рече Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица.

Очекува по изборите да се продолжи со процесите и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Тоа квалитетно време, верувам дека сите ние, пред се граѓаните, но и Владата и политичарите, ќе го искористиме да направиме уште еден поголем, квантитативен чекор за државата и граѓаните напред, истакна Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.