Заев од Тетово: За шест години ќе го затвориме преговарачкиот процес со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами одржаа заедничка прес-конференција во Тетово, на која ги истакнаа предлозите во поглед на интергацијата во НАТО и Европската Унија. Првиот човек на СДСМ, Заев, истакна дека со нивните политики ги отвориле вратите за НАТО и ЕУ за само три години наместо 11 години на претходната власт.

„Две ипол милијарди европски пари ни стојат на располагање во следниот период. Европските пари за европски стандарди дома но и за полесно справување со последици од корнавирусот. Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 година, а за шест години од сега да го затвориме целиот преговарачки процес со ЕУ и да бидеме полноправна членка на ЕУ. Ова е нашата понуда за следните четири години. Точно знаме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година, слободна, деморкатска, европска и интегрирана“, истакна Заев.

Претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами истакна дека големата идеја за Европска Македонија како што ги соединила двете партии пред изборите ќе биде водилка за наредните четири години.

„Сè што ќе правиме наредните четири години ќе биде насочени кон интергација во Европската Унија. Во иднина можеби ќе имаме различни сфаќања за одредени работи но ќе не се соедини големата идеја за евро интеграции како што не обедини претходните три години. Горди сме и покрај тоа што бевме опозиција и не бевме со позиции во Владата бевме активни и сме придонеле за членство на Македонија во НАТО осигурувајќи го патот кон Европкста унија. Горди сме што успеваме да постигнме и најдеме разбирање со главната политичка партија во Владата СДСМ, за да направиме уставни промени за доброто на сите граѓани“, истакна Касами.

Двајцата претседатели имаа средба со кандидатите за пратеници од шестата изборна единица, а во текот на денот се предвидни и средби со групи на граѓани.