Заев: Од земја скарана со сите, станавме пријателска држава

По повод одбележувањето на 17 години од Рамковниот договор, премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање, при што се осврна само на референдумот велејќи дека тој ќе донесе благосостојба во Македонија. Заев рече дека Македонија им покажала на сите оти грешат кога велат дека Грција е непријател на нашата земја. Тој уште еднаш ги потенцираше придобивките од Договорот со Грција.

„Грбот, јазикот, знамето и химната, остануваат исти. Идентитетот ни го негираа, сега е прифатен. Со членството во ЕУ и НАТО ни се гарантира стабилноста“, рече Заев.

За една година Македонија од земја скарана со сите, стана пријателска држава, вели Заев, според кого, по доаѓањето на новата власт се унапредиле меѓусоседските односи.

„Се потврди старата поговорка ‘Договор куќа гради’“, додаде Заев.По повод одбележувањето на 17 години од Рамковниот договор, премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање, при што се осврна само на референдумот велејќи дека тој ќе донесе благосостојба во Македонија. Заев рече дека Македонија им покажала на сите оти грешат кога велат дека Грција е непријател на нашата земја. Тој уште еднаш ги потенцираше придобивките од Договорот со Грција.

„Грбот, јазикот, знамето и химната, остануваат исти. Идентитетот ни го негираа, сега е прифатен. Со членството во ЕУ и НАТО ни се гарантира стабилноста“, рече Заев.

За една година Македонија од земја скарана со сите, стана пријателска држава, вели Заев, според кого, по доаѓањето на новата власт се унапредиле меѓусоседските односи.

„Се потврди старата поговорка ‘Договор куќа гради’“, додаде Заев.