Заев оди на одмор, „метлата“ ќе почека

Премиерот Зоран Заев, од денеска па до втроник ќе користи слободни денови, информираа од Канцеларијата на претседателот на Владата. Според ова, јасно е дека „метлата“ овие четири дена, нема да профункционира.

„Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.
Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот“, се вели во денешното соопштение.