Заев оди против 74 проценти од народот кој е против брзи избори

Институтот „Habeas Corpus” објави свое истражување, според кое, 74 отсто  од испитаниците се против брзи избори за кој се заложува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

За избори во време на корона епидемија, се само 14 отсто од испитаниците, а 12 отсто рекле не знам или не се изјасниле.

На следното прашање во однос на тоа дали се очекува зголемување на на коронакризата со оддржување на брзи избори, позитивно се изјасниле 66% од испитаниците. Само 7 % од испитаниците се согласуваат со Заев и СДСМ, па рекле НЕ.

18% од испитаниците сметаат дека короната ќе излезе од контрола.

Последното прашање од ова истражување е „Дали би излегле со маска и ракавици на избори“?

Дури 71,8% од граѓаните рекле дека НЕМА да излезат на избори. Дали е всушност ова најголемата причина поради која Заев притиска за брзи избори?

И покрај мислењето на поголем број граѓани, ставовите на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, но и размислувањата од албанскиот коалииционен партнер на СДСМ и Алијансата на Албанците дека потребен е консензус за одредување на дадтумот за избори, Заев упорно ја повторува својата позиција дека избори ќе има, па и доколку не се постигне договор за тоа.

Според Заев, бојкот на изборите не може да има бидејќи кандидатските листи веќе се прифатени, а е извршено и жребувањето.

Дека бројките не одат во прилог на тврдењата на Заев за брзи избори покажува тоа што Македонија има најлоши резултати споредено со земјите од регионот во справувањето со короната, но и тоа што бројот на починати и на заразени не се намалува.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.

Мицкоски посочи дека доколку цената за победа е дури и еден изгубен човечки живот, тогаш тој одбива да биде идниот мандатар на владата.