Заев официјално нема намера да бара поништување на аболицијата за „Глобал“

Опозицискиот лидер Зоран Заев и официјално нема намера до претседателот Ѓорге Иванов да поднесе лично барање за повлекување на аболицијата за случајот „Глобал“. Така лидерот на социјалдемократите ќе остане едиснтвен аболициран политичар во земјава со одлуката на Бранко Црвенковски од 2008 година.

Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање повторно се обиде да ја манипулира и замајува македонската јавност, повикувајќи го претседателот Иванов да ја укинел аболицијата, иако е јасно дека за шефот на државата тоа да го стори, потребно е Заев да поднесе индивидуално барање за деаболиција, односно укинување на аболицијата.

Го повикувам Ѓорге Иванов, ако постои уставен и законски можност да ја укине аболицијата дадена пред 8 години за случајот „Глобал“, рече Заев денеска.

Со ова, како што пишува „Курир“, станува јасно дека претседателот на СДСМ нема намера да побара повлекување на аболицијата за криминалот тежок над 8 милиони евра и воедно продолжува да ја манипулира јавноста за овој случај. Заев, чија политичка кариера ја одбележа токму чинот на помилување од Бранко Црвенковски во 2008 година, под притисок на јавноста неодамна излезе со став дека ќе побара аболицијата да биде повлечена.

Од 2008-ма Зоран Заев бара повлекување на аболицијата, тогаш не ми беше дадена правна можност да ја повлечам аболицијата, ниту бев прашан за оваа работа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред Апелација и пред Стразбур и аболицијата од 2008-ма година ако ми се даде можност веднаш ќе побарам да биде повлечена, или ако има било каква можност Ѓорге Иванов или било кој во оваа земја барам да биде укината, рече Заев на прес-конференција.

Со ваквото лицемерно и манипулативно однесување, Заев повторно ја навредува интелигенцијата на македонските граѓани. Истиот Заев кој во 2008 година се повикуваше на уставното право на Црвенковски да го помилува за криминал тежок 8 милиони евра, сега одбива да поднесе лично барање до Иванов да го стори тоа, иако пред само неколку дена тврдеше дека ако му се дадела можност, веднаш ќе побарал аболицијата да биде повлечена.