Заев откри која е градоначалничката од која Коки и Кики барале пари

Молошоски: Имаме парадокс – Партијаta која што бараше формирање на преодна влада не е во собранието
Молошоски: Имаме парадокс – Партијаta која што бараше формирање на преодна влада не е во собранието

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната седница во Собранието дополнително праша дали Заев знае кое е второто лице со псевдоним Кики за кое се зборува дека е функционер на СДСМ и дека заедно со Коки барале бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра од една од петте градоначалнички на СДСМ.

„Немам намера да лустрирам претходно луѓе, но се знае за која градоначалничка се работи. Се работи за случај од пред една година. Биле луѓе, се барало локација за старечки дом , се барала урбанизација на локација, но надлежноста е на советот, а Битола нема намера да прави измена на генерален план, си има истрага“, рече Заев.

Претходно на прашање на Милошоски дали е запозаен со Кики и Коки кои рекетираат градоначалници, Заев одговори дека е запознаен и дека има отворено истрага против нив.