Заев: Ова е историски ден, граѓаните се горди на вакво Собрание

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по
гласањето во Собранието за пристапување кон уставни измени.

Денес со двотретинско мнозинство зачекоривме кон западните сојузи. Македонија ќе биде дел од
НАТО. Со оваа историска одлука нашиот пристап во НАТО ќе продолжи и догодина ќе почне процесот рече Заев.

Тој им  се заблагодари на сите пратеници, особено на тие од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што, како што рече, се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот од раководството.

Со вакви одлуки луѓето стануваат херои. Вие сте многу повеќе од дел од историјата. Вие сте дел од историјата што ќе ја раскажуваат идните поколенија. Тие нема да заборават што направите, рече Заев.

Според него, граѓаните се горди на ваквото Собрание.

Бидете сигурни дека како премиер останувам на зборот да ја гарантирам безбедноста. Ја изградив
државотворната коалција. Заедно ќе ги усогласиме амандманите и заедно ќе работиме на национално обединување, рече Заев.

Тој ги повика и пратениците кои денес гласаа против дека вратите се отворини за да се приклучат.

Водевме транспарентен процес, водевме грижа за пријатна атмосфера. Убеден сум дека ќе се приклучат повеќе од 25 пратеници. Следниот чекор ќе го направиме во поголем број, рече Заев и додаде дека за него сите пратеници се исти и оти никој не е виновен додека не се докаже вина.

Пораката за помирување охрабри, рече Заев и додаде дека низ работни груби ќе се обиделе да најдат
начин за помирување низ собраниските тела. Имало и други пратеници кои дале поддршка, но вечерва не гласале „За“ и рече оти надева дека процесот ќе се заврши со поддршка од сите 120 пратеници.

Не е точно тврдењето на генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Јанушев дека на пратеници од опозицијата им биле нудени пари, изјави премиерот и најави дека ќе го гони раководството на ВМРО-ДПМНЕ на суд за инсинуациите и невистините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.