Заев: Ова е историски Самит на НАТО за Македонија

20

Премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствува на Самитот на Северноатланскиот совет, истакна дека ова е историски самит за Македонија и оти стоиме рамо до рамо заедно со сите членки на НАТО и сведочиме за нејзиното единство.

Заев рече дека пред нашите сојузници истaкнал дека сме посветени на визијата за Балканот во 21 век како регион на мир и стабилност.

-Посветени сме да изградиме нов Балкан со зајакната регионална соработка. Затоа е важно балканските земји да имаат јасни визии, рече премиерот.

Тој му се заблагодари на Столтенберг за креирањето на агендата 2030 и за широките консултации. Агендата, според Заев, навреме ги адресира промените и го прави НАТО подготвен за 21 век.

Претседателот на Владата Заев, заедно со лидерите на земјите – членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Шефовите на држави и влади на oвој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.

-Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.