8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Заев пак излажа, вети 34.000 денари плата до крај на мандат, а Министерство за финансии со проекции го демантира

Од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат на кого да му се верува, дали на ветувањето на Заев за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот или на проекциите на Министерството за финансии?

-Согласно проекции на Министерството за финансии за растот на платите во наредните 4 години, дискутабилно е дали просечна плата ќе достигне ниво од 30.000 денари (ветување на СДСМ од 2016 година), а да не зборуваме за ветувањето за плати од 34.000 денари и просечна плата од 20.000 денари.

Пресметка: Просечната нето-плата за 2020 година врз база на тенденциите во првите 11 месеци заклучно мецес ноември, ќе биде околу 27.000 денари.

Ако просечната нето-плата расте согласно проектираната динамика од страна на Министерството за финансии (3% во 2021, 3.5% во 2022, 3.9% во 2023 и 4.1% во 2024), тогаш би изнесувала:
2021 година – 27.810 денари
2022 година – 28.780 денари
2023 година – 29.900 денари
Јули 2024 година – 30.500 денри

П.С Ќе ни требаат нови железни опинци и сидрото кои влече “напред” за да се сокријат лажните ветувањата на СДСМ и Заев, велат од Комисијата.