Заев: Парите што ги даваме на НАТО не се големи

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА објасни колку пари Македонија од својот буџет ќе треба да одвојува за НАТО.

Според него, тоа не се некои големи пари.

-НАТО има буџет од некои 2,6 милијарди евра како НАТО, сите наши национални буџети се дел од НАТО буџетите и тоа се трилиони. Нашето учество до сега ако е 30, 50, 70 илјади евра, тоа би значело 20-30 отсто, не е големо. Големо е за Британија, за Германија, за Франција, самото учество не значи ништо, зашто е во рамките на нашиот буџет, останува стратегијата за 2 отсто од БДП до 2024 година. Нашата земја секоја година, дури и за време на корона кризата, не се откажа од таа стратегија, и нашиот буџет расте секоја година и така ќе продолжиме до крај, ќе алоцираме токму од тие 2 отсто, тие мали средства се, но на ниво на 30 земји членки, но со БДП кои го имаат сојузниците навистина се сериозни средства, а придобивките се за сите подеднакво, тоа значи повеќе безбедност, повеќе стабилност, повеќе демократија, повеќе вредности за кои продолжуваме да се залагаме.