Заев: Пендаровски ќе биде партнер на Владата и претседател за сите

25

Пендаровски е заеднички кандидат за заеднички цели – градење едно општество за сите, просперитетно и европско. Пендаровски како претседател за сите, порача премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на отварањето на 23-от Конгрес на СДСМ.

Заев истакна дека од последнитот конгрес, СДСМ ја потврдиле својата државотворна улога и одговорност во пресудните моменти и настани од историјата на нашата современа држава.

Нашата партија заедно со нејзините лидери и членство никогаш не отстапи пред предизвиците. Секогаш ја преземаше одговорноста донесуваше одлуки и спроведуваше рационални политики што се покажаа како историски. Тоа беше во 1991 година, кога заедно со граѓаните на нашата земја учествуваме во процесот на прогласување на независноста на нашата земја. Тоа беше и во 2001 кога презедовме одговорност да го запреме меѓуетничкиот конфлик и со дијалог и со Охридскиот рамковен договор да почнеме да ја градиме новата вредност на нашата општествена заедница концептот „Едно општество за сите“. Така беше и во 2005 кога им дадовме силен имплус на европските вредности и нашите аспирации за членство во ЕУ и ни беше доделен кандидатскиот статус. Така беше и во 2015 година кога со „Вистината за Македонија“ со граѓантие на Македонија во кампот на слободата со шарената револуција тргнавме низ улиците на нашите градови. Кога трпеливо и мудро низ политичките процеси верувајќи во слобода, вистина, правда, еднаквост, напредок и кога социјалдемократските вредности ги здруживме со цивилизациските вредности за да си ја ослободиме заробената ни држава. Така беше и во 2017 и 2018 година кога на 27 април се спротивставивме на насилството и кога новата владина коалиција донесе одлука да постигне договор за пријателство со Бугарија и ќе го реши тридеценискиот спор со Грција, рече Заев на Конгресот.

Заев истакна дека во СДСМ се убедени во побед на претстојните претседателски избори.

„Стево ќе биде претседател со високо чувство на одговорност кој земјата ќе ја носи напред, кон Европската унија и НАТО. Стево е против поделби и ќе биде партнер на Владата во спроведување на реформските процеси. Личност со интегритет, потврда на концептот едно општество за сите“, рече лидерот на социјалдемократите.

 

Во своето воведно излагање пред делегатите и партиското раководство, Заев се осврна и на работата на Владата предводена од СДСМ.

 

„Знам дека не е совршено, ниту лесно, но секој наш чекор е за подобра иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија. Ги затворивме надворешните прашања, сега е време за економски поход, кој ќе даде резултати само ако се работи чесно и одговорно. Мораме да ставиме крај на корупцијата, да внимаваме на етичките норми“, рече Заев.

Во хотелот „Александар Палас“ присутни се повеќето членови на најтесниот партиски раководатво и членови на владата, како и претставници на дел од партиите од коалицијата. Пендаровски на конгресот влезе придружуван од партискиот лидер Зоран Заев. Со него беа и други членови на Владата, меѓу кои и Радмина Шекеринска и Оливер Спасовски кои беа меѓу четворицата фаворити за претседателската кандидатура покрај Никола Димитров кој  не е присутен во салата каде што се одржува конгресот.

Право на глас имаат 783 делегати, ама се очекува Пендаровски да добие широка поддршка со оглед на тоа што е единствен кандидат. Во своето воведно обраќање Заев објасни дека Пендаровски е заеднички кандидат за заеднички цели – градење едно општество за сите, просперитетно и европско. Тој го претстави Пендаровски ка

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.