Заев по објавувањето на снимките за „Рекет“: Да се откријат сите детали!

По објавувањето на снимките поврзани со случајот „Рекет“ на сајтот на италијанскиот весник „Ла Верита“, на својата официјална Фејсбук страница се огласи и премиерот Зоран Заев.

Тој во кратката порака дава поддршка истрагата за „Рекет“ да биде целосно направена.

„Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда!“, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил.