Заев побара оставка од директорот на затворот „Шутка“

44

Премиерот Зоран Заев денеска побара оставка од директорот на затворот „Шутка“ Ѓоко Котевски, по вчерашните два инцидента во дворот на оваа казнена институција, во кои имало повредени притвореници.

Премиерот го осуди самиот чин, и наведе дека без разлика на тоа кој е виновен за инцидентите, тој побарал одговрност од директот. Оставката тој ја очекува најдоцна до понеделник.

Зад ваквата одлука застанала и министерката за правда Рената Десковска.

Случајот заслужува и ќе има истрага. Треба да се види дали и каде е направен пропуст. Мора да има одговорност кој дозволил да има близок контакт меѓу овие две групи, без разлика дали тоа е вообичаена пракса или не. Во конректнава ситуација треба да се прави проценка за одредени ризици, рече министерката Дескоска.

Таа смета дека доколку имало и физички напад и контакт, има простор истрага да поведе и јавен обвинител, а со случајот може да се занимава и Народниот правобранител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.