Заев: Почнуваме со реформскиот „План 3-6-9“ за сериозен пробив кон ЕУ и НАТО

Владата на Република Македонија го прави првиот чекор за сериозен пробив кон евро-атлантските интеграции, после големиот долгогодишен застој на државата и за подигнување на квалитетот на живот на граѓаните на Македонија, изјви премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во средата

„Тоа што Владата го создаде овој реформски документ значаен за иднината на Македонија, само месец по формирањето, и како што ветивме, отворено, инклузивно и транспарентно, со сите засегнати страни, ја покажува нашата силна определеност, да бидеме максимално одговорни кон обврските што ги презедовме. Република Македонија да биде почитувана држава на достоинствени граѓани, Македонија за сите“, рече Заев

Како што објасни премерот, „Планот 3-6-9“ претставува почетна точка на итните реформски приоритети кои во вторникот биле усвоени на седница на Владата.

Претходно во средата во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ја критикуваше власта бидејќи зад затворени врати, без запознавање на опозицијата и пошироката експертска и општествена јавност носи стратешки документи.

„Планот го насловивме 3–6-9 затоа што ги означува наредните временски точки на нашето заедничко придвижување напред“, тврди Заев

Според него, за три месеца треба да бидат заокружеби првите реформи. Нивната цел е до одржувањето на локалните избори да обезбедат аргументација за Европската комисија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на пристапните преговори. За шесте следни месеци, како што се надева Заев, треба да биде заокружен вториот реформски круг чијашто, пак, цел е до седмницата на Советот на ЕУ во декември 2017 да се покажат „сериозни резултати во повеќе области што ќе ја зацврстат перцепцијата за Македонија како сериозна земја кандидатка на Европската унија“.

„За девет месеци имаме намера да ги имплементираме третиот круг реформи, за до следниот Извештај на ЕК за Македонија да ги насочиме земјите членки на Унијата кон дискусија за утврдување на датум за претпристапни преговори на Европската унија со Република Македонија“, рече Заев додавајќи дека очекува тоа за безо време време да ги обезбеди и перспективите на Македонија во НАТО.

Заев притоа најави: демократски парламент, реформи во судството, во медиумите, во јавната администрација и во безбедносните служби, како и борба против организираниот криминал и корупцијата. Премиерот, исто така, најави и кохабитација со Претседателот на државата. Рече дека еден од приоритетите е и создавање услови за фер и демократски избори според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и сите други релевантни меѓународни организации.

„Владата ќе продолжи да соработува со граѓанското општество како рамноправен партнер и коректор на нејзините одлуки, со целосно право да учествува во градење на политиките, да сугерира и да критикува. Имаме намера, дијалогот на Владата со граѓанското општество да биде континуиран, транспарентен и целосно инклузивен. Ќе овозможиме опозицијата да се вклучи во спроведувањето, надзорот и консултациите околу мерките во Планот, како и сите други поединци, групи, партии, организации“, се обврза Заев.

Рече дека намерата е сите реформи да будат направени врз принципиелна основа, низ темелно согледување на состојбите и системско решавање на проблемите, а не со избрзани или половични решенија.

„Тоа ќе бидат суштински промени во корист на секој граѓанин и затоа подаваме рака кон сите. Одлучни сме да работиме низ принципите на вклученост, правда и правичност.  Овие реформи за коишто зборувам, се потребни. пред се’, заради нас, како граѓани и како држава. Сега постои политичка волја за промени“, додаде Заев

Апелираше да се „увојат“ напорите зашто „имаме вистинска шанса Македонија конечно да ја извлечеме од долгогодишната криза и суштински да ги решиме длабоките проблеми“

„Сегашноста да не ја испуштаме. Ова е моментот на позитивна клима и енергија што низ заедничките досегашни напори допре и до Брисел и демократскиот свет, коишто сакаат да ја поддржат Македонија“, порача премеирот Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.