Заев поднесе оставка и од премиер и од претседател на СДСМ

По големиот пораз на локалните избори, Зоран Заев поднесе оставка.

Тој вечерва истакна дека поднесува оставка од премиер и претседателското место во СДСМ.

-Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори. ПОДНЕСУВАМ ОСТАВКА ОД ПРЕМИЕР И ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ, истакна Заев.