Заев потврди дека синот на неговиот соработник Верушевски го снимал нивниот разговор

Александар Верушевски, синот на поранешниот прв човек на државната безбедност Зоран Верушевски и соработник на поранешниот премиер Зоран Заев, е лицето кое го снимало во 2016 година додека престојувал на на ручек кај него во Струмица, потврди во вторникот лидерот на СДСМ.

Станува збор за разговор кој пред извесно време беше објавен како аудио-запис во кој Заев ги искажува своите ставови за невладините организации и коалициските партнери, како и што мисли за народот и открива на кој начин е убеден во за него позитивни резултати.

„Тоа не беше пред сто години, беше пред четири години. Сега знам дека тоа беше Александар Верушевски“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Поранешниот премиер рече дека и натаму е во добри односи со Зоран Верушевски, кој е претседател на комисијата за внатрешни работи на СДСМ и советник за национална безбедност во Владата.

Зоран Верушевски, инаку, беше лицето кое до СДСМ и Зоран Заев во 2016 година ги доставил нелегално прислушуваните телефонски разговори на стотици лица, познати во јавноста како „бомби“ кои ја инкриминираа тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ, кои најмногу му овозможија на Заев на предвремените избори во декември 2016-та да дојде до можноста да составува влада откако постигна договор за исполнување на барањата на албанските партии кои за возврат му ја дадода поддршката за мандат.

На прес-конференцијата во вторникот, на прашањето што доколку изборните резултати не бидат во полза на СДСМ, лидерот на партијата Зоран Заев на денешената прес-конференција повторно потенцираше дека е убеден во победа, а откри и кое е лицето кое ги направил аудио снимките со него.

„Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Јас сум близок со неговото семејство, но ете така одлучил мојот пријател и така направил“, рече Заев.