Заев претрпе пораз од Ахмети, коалициски раскол ги спаси засега административците од кратење плати

Зоран Заев во три наврати најавуваше кратење на платите на административците. Неговиот план за минимална плата на цел државен апарат од 14.500 денари, наиде на жесток отпор од синдикатите и од опозицијата.

Сепак, Заев и покрај тоа бил цврсто решен да оди со кратење на плати. Но, што е она што го спречи Заевиот план за минималец на целата администрација, како што информираат извори од владата, е тоа дека постоело големо несогласување, кое преминало и во кавга, помеѓу владините коалициски партнери, а највеќе во тоа противење се истакнувала ДУИ која сметала дека таков еден чекор би донела огромна политичка штета на самата партија. Заев не бил премногу загрижен за тоа бидејќи сметал дека очајната состоба на буџетот мора по секоја цена да се надополни преку кратењето на платите. Превирањата траеле буквално до последната минута, поради што и доцнеше вчерашната прес конференција на техничкиот премиер Оливер Спасовски, за околу половина час. На само неколку часа пред нејзиниот почеток, лидерот на СДСМ, добил јасна порака од ДУИ дека нема да излезат нејзините министри на таква една прес конференција, како и тоа дека сериозно се доведува во знак прашање владиното пријателство, што би бил удар кој Заев политички нема да го преживее во услови на една ваква криза.

Првиот човек на социјал-демократите убедувал дека имал притисок и од своите членови да не крати, но тоа нема да го премислело во неговата намера. Во СДСМ постоело и отворена дебата поради кратењето на функционерските плати на минималец. Неколку министри гласно прокоментирале дека тие за разлика од Заев, Спасовски и Шекеринска навистина живеат од плати, и дека ова преставува финансиски удар за нив. Заев на ова одговорил дека тие како министри сепак располагаат со буџет во рамките на институциите и дека ќе мораат да си обезбедат средства.

Упатените велат ова е битка која Ахмети, но и другите коалициски партнери ја издвојувале против Заев, но дали претседателот на СДСМ ќе остане на планот за кратење на платите во администрацијата останува да видиме.