Заев прикривал докази во „Рекет“ во настојување да обезбеди пратеници за уставните измени?!

„Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“ гласи пораката од лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, испратена до Бојан Јовановски Боки 13 од 16-ти април минатата година, откри обвинетиот во случајот „Рекет“ кој

Од тоа се поставува прашањето како Заев можел да знае за доказите кои ги поседувала обвинителката Вилма Русковска уште на 16-ти април, доколку пријавата според неговото тврдење е направена две седмици подоцна, на 2-ри мај?

Исто така, се поставува и прашањето кој му ги дал доказите на Заев?

„Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2019 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот ‘Империја’ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев, бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени“, рече Јовановски на денешното рочиште во случајот „Рекет“.

„Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне“, додаде Јовановски.