Слушаме дека бил тука црногорскиот бизнисмен, дека давал пари, дека дал 300 илјади евра. Слушаме во разговорите се спомнува генералниот секретар на Владата, се спомнува Заев и се спомнуваат многу работи, се давале пари, се зборува за земјиште, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев што се емитуваше на телевизија 24, зборувајќи за еден од објавените материјали.
-Но, тој Дака се враќа тука пак и очигледно е нездоволен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски говорејќи. Заев пак не негира, туку вели дека се среќава со секого, дека сите и секаде го користат неговото име.
-Како е тоа можно ако работите како што треба. како е можно да ве спомнувате дека сте земале пари, рече Мицоски.