Заев призна дека му помагал на Боки: Сум имал средби и работен состанок со Бојан Јовановски, го упатив во кои институции да се обрати

Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште на судењето против Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во кое Заев го тужи Николовски за клевета дека бил главата на случајот РЕКЕТ, изјави дека тој лично имал средби со Бојан Јовановски, како и работен состанок и го упатувал во кои институции треба да се обрати.

„Како јас, така и моите споменати колеги практикуваме прием и состанок, средба или разговор со било кој граѓанин којшто тоа ќе го побара“, рече Заев на прашањето дали знаел дека со Боки се среќавале и Кирацовски, Шекеринска, Ременски, Филипче и Стефан Богоев.

Од страна на Николоски беше прашан дали поседува записник дека го пријавил случајот „Рекет“ кај Обвинителството. Заев рече дека претходно го споделил и терминот кога бил кај Рускоска и државниот обвинител Љубомир Јовески и оти тоа го направил после средбата со бизнисменот Орце Камчев.

-Не поседувам записник ниту службена белешка, ако имав нема зошто да не го објавам. Не лажам, рече Заев.

Заев го тужи Николоски за изјавата дека тој се наоѓа на врвот на криминалната пирамида во случајот „Рекет“. Николоски се застапува самиот, без адвокат.