Заев призна дека не го знае законот за медиуми

Премиерот Зоран Заев во дуелот со челникот на опозицијата Христијан Мицкоски по темата на слободата на медиумите докажа дека не е запознаен со законот за медиуми, покажа дека воопшто не е подготвен по прашањето за оваа сфера,одмолчувајќи го тврдењето дека преферира пристрасност барајќи да се донесат закони и да се изберат нови управувачки одбори на АВМУ и на МРТВ.

„Видовме како Зоран Заев ја замислува реформата во медиумите. Во две реченици ни беше сѐ кажано: прво да ги смениме луѓево, а потоа да видиме каква ќе биде уредувачката политика. Од самиот почеток вие дефинирате пристрасност. Вие во една реченица ја дефиниравте целокупната реформа, а тоа е како да ги замените луѓето, да донесете нови, да ги замените и главните уредници“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се придржува до принципиелната позиција дека воопшто како партија немаат дилема дека она што е добро за медиумите го поддржуваат и оти стојат зад обезбедувањето независност, транспарентност, отчетност и подобра конкурентност на медиумите.

„Но, сето она што го кажа Заев, а што значи директно мешање на политиката во работата на медиумите ВМРО-ДПМНЕ не може да го поддржи“, додаде Мицкоски.

Мицкоски директно го запраша Заев во врска со реформите во јавната администрација дали преку конкурс градоначалничката на Битола го вработи својот брат или градоначалникот на Берово сопругата.

„Дали на конкурс го ангажираше генералниот секретар на Владата својот кум за адвокат или исто преку конкурс директорката на агенцијата за вработување откако е директор ги вработи сестрата на нејзиниот сопруг, синот на сопругот, внукот од сестра на сопругот и старосватицата? Синот на советникот ваш Грчев исто така преку конкурс го вработи во ЕЛЕМ, на Села и Талат Џафери ќерката, сите тие беа преку конкурс ли вработени“, праша Мицкоски.

Додаде и дека Заев сонува и дека овие луѓе не се вработени преку конкурси, а Мицкоски е тука да му помогне на Заев бидејќи не е таква реалноста.

„Опкружени се со луѓе кои сакаат да ви кажат тоа што сакате да слушнете, но граѓаните за жал трпат. Ајде да направиме држава каде секој ќе може да напредува“, потенцираше Мицкоски.

На обвинувањата на Мицкоски дека СДСМ спроведува непотизам, Заев според своето објаснување, не гледа проблем во тоа.

„Можеби некој со својот кум не се има. Тоа не значи дека не треба да работи. Сакаме да бидат транспарентни постапките и да видиме како е направен изборот. Зборуваме за три-четири илјади вработувања оваа година, коишто се пополнети едно педесет до шеесет проценти на испразнетите места во последната една година на власт“, рече Заев.

Мицкоски како примери за непотизам ги спомена вработувањата на братот на градоначалничката на Битола, сопругата на градоначалникот на Берово, ангажирањето на кумашинот на Рашковски во Владата, синот на советникот на Грчев, ќерката на Талат Џафери и уште низа примери.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната дебата на Македонската телевизија му порача на Зоран Заев дека дискутира на тема која што, не само што не ја познава туку и погрешни податоци кажува.

Ова следуваше откако тој не ја знаеше точно цената на електричната енергија, па Мицкоски му посочи на Заев дека не сака да му ја кажува неговата лекција по економија, бидејќи сигурно ќе падне на испит.

„Ако ова е лекцијата, ќе паднам на испит. Фала, не сакам. Господине Заев две грешки направивте. Ниту тогаш била 43, ниту сега е 38. А имате еден од најблиските соработници, можеше да ве подготви подобро за цената на електричната енергија. Најдобро знае тој и тогаш и сега, а таа е непроменета околу 41 производната цена и тогаш и сега бидејќи регулаторниот период трае една година. Така да, не е возможно да се промени, иако сега со овој еден ипол процент кој што барате, се обидувате пред граѓаните да кажете , а нема да ви дадат“, нагласи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.