Заев призна дека се разговарало за македонските лични карти со грчки амбасадор

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вчера истакна дека неговата партија го подржува законот за лични карти, во него да стои етничката припадност и дека ако навистина премиерот Зоран Заев сака тоа да го направи, може да го достави законот во Собранието со користење на европското знаменце кое досега безброј пати го злоупотреби.

„Ако ние инсистираме во личните карти да стои мојата национална припадност дека сум дел од македонскиот народ, инсистираме тоа да биде во патните исправи  и ако навистина  Зоран Заев сака  тоа да го направи бидејќи досега брутално на 100 пати го прекрши правилото за користење на европското знаменце, еве зошто тоа не го направи сега да речеме и да го достави законот во рамките на Собранието со европското знаменце да можам јас да се идентификувам себеси како Македонец“, појасни Мицкоски.

Потенцираше дека Заев сега преку оние на кои им обезбедувал поддршка и друг тип на логистика пред изборите за да одземаат гласови од ВМРО–ДПМНЕ го блокираат законот со 100, двесте илјади амандмани и прават филибастеринг на предлог законот.

Мицкоски појасни дека еден амбасадор од една наша соседна земја имал серозна забелешка за законот за личните карти.

„Еве зошто тоа не го направи ако навистина има толкава желба. Еве зошто тоа не го направи туку преку оние кои што  им обезбедуваше логистика и друг тип на помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО–ДПМНЕ и како што тој вели да ја спаселе Македонија од Христијан, а пак доколку освојат пратеници тие пратеници ќе му бидат ставени на услуга на Зоран Заев еве сега гледаме тие пратеници му се на услуга на Зоран Заев со 100 илјади, двесте амандмани правата филибастеринг на предлог законот.  Еве нека го стави тоа со европско знаменце и ќе види јавноста дали е така. Инаку апсолутно да тоа е одговорот, има сериозна забелешка од страна на амбасадор на една наша соседна држава“, додаде Мицкоски.

Дека сево ова што Мицкоски го зборуваше е вистина, сега стигна потврда и лично од Зоран Заев. Тој призна дека имал состанок со амбасадорот на Грција за оваа тема.

Одговарајќи на новинарско прашање, денес Заев посочи дека впишувањето на националноста во личните карти била дискутирана со грчкиот амбасадор во земјава, но немало предупредување од никого.

„Немам јас такво предупредување, нуту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Нормално беа, имаше состанок со амбасадорот на Грција, добија повратна информација. Ние по нашите дипломатски патишта тоа сме го провериле уште во времето кога тоа беше ветено во 2019 година, во почетокот на годината, кога се гласаа уставните промени согласно Преспанскиот договор. Така што нема никакво предупредување поради тоа што се работи за идентитетски прашања, како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други“, рече Заев денеска во Скопје.