Заев признава дека прави штета и бега од избори

128

Со неуспехот на разговорите во Брисел преку опструкцијата и неподготвеноста на опозицискиот лидер Зоран Заев да се договори за излез од политичката криза,  тој очигледно државата ја втурна во уште поголема криза.

Веќе пристигнуваат пораките од странскиот фактор како и на експертите и аналитичарите кои предупредуваат на негативното сценарио и лошите последици кои ќе и се случат на Македонија. Можните разврски се губење на препораката од ЕУ, назначување на специјален преставник од ЕУ за Македонија, повеќекратна штета во економски поглед, стагнирање на бизнисот, несигурност, губење на работни места, напуштање на странски инвеститори, пишува Курир.

Новинарот Бобан Нонковиќ снета дека прва и основна последица која ја има Македонија која што ја потврдија и портпаролката на Еврокомесарот Хан, Маја Коцијанчич, известувачот Иво Вајгл и од самиот  Хан е дека постои можност Македонија после 6 години да ја изгуби препораката за отворање на преговори за членство.

-Тоа може со себе да повлече пад на инвестициите, прекин на некои проекти со ЕУ бидејќи Македонија има проекти како земја кандидат во тој предпристапен период ИПА фондови, има многу сегменти кои можат да бидат допрени од ваква одлука, а исто така се губи можноста за паралелни преговори која сега ни се нуди ако се реши кризата, значи буквало земјата да не стои во место и да напередува, да галопира кон членство во ЕУ, вели Нонковиќ.

Тој додава дека она што ни го спрема Унијата и најверојатно ќе се случи заради однесувањето на Заев е да ни испрати специјален претставник кој би имал задача исто како во Босна. Кога се праќа специјален претставник тоа значи дека земјата е не само политички туку постои и безбедносен ризик за регионот и пошироко.

Наспроти ситњ овие предупредувања дека земјата ќе претрпи политички и економски последици, Заев изрази оптимизам и потврди дека сето ова е дел од неговото сценарио.

-Задоволен сум заради тоа што работите се движат во наш очекуван правец, изјави Заев вчера.

Токму назадувањето според аналитичарите е целта на СДСМ и нејзиниот лидер.  Очекуваниот позитивен правец за СДСМ И Заев значи огромна штета на државата, поволниот правец го чини бизнисот губење на финансиски средства, исчекување за граѓаните кои се држат во заложништво и меѓународна штета.

-Факт е дека веќе имаме одредени сознанија од Европската унија дека ова сериозно ќе се одрази врз евроатлантската интеграција на државата, бидејќи ниту една меѓународна организација не сака држава во која што има политичка криза. Сево ова ќе се одрази негативно во извештајот што следи во октомври. Ниту изборната волја на граѓаните се есапи, ниту се есапи уставот и законите и тоа од најрелевантните политички фактори во земјава, а тоа сериозно може да се одрази врз правната сигурност на сите граѓани во државата, блокирани ни се институциите од страна на опозицијата, тоа сериозно може да ја доведе во опасност прaвната држава. Она што е најважно е дека спасот на Македонија е во владеење на правото, но не она владеење на право на кое што се колнат СДСМ и нивните поддржувачи, за кои што постојано зборуваат за некаква демократија, слобода, за некаква правна држава, туку она вистинско владеење на право, каде што навистина ќе се покаже и политичка одговорност и правна одговорност, ќе се почитуваат и законите и уставот. Мислам дека Македонија е длабоко скршната во насока, би рекла ќор сокак, поради опозицијата, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.

Експертите сметаат дека намерното уривање на разговорите значи свесно бегање на Заев од избори. Универзитетската професорка додава дека дека доколку се реши политичката криза, опозицијата е свесна дека за неполна година ги очекува гласот на народот, каде што се сигурни дека не само што ќе изгубат туку катастрофално ќе изгубат на тие вонредни парламентарни избори.

– Јас ќе го поврзам однесувањето на лидерот на СДСМ и неговите учители со една народна поговорка дека „Нити се водат, нити се тераат“, едноставно сите овие месеци како што се однесуваат и делуваат на политичката сцена во Македонија, покажува еден јасен факт, а тоа е дека лидерот на СДСМ нити сака да се реши политичката криза, едноставо сака да ја остави да трае уште многу време, затоа што тие знаат да се однесуваат само во услови на криза, знаат да ќарат политички поени, вели Каракамишева-Јовановска.

На ова предупреди и премиерот Никола Груевски во изјавата од Брисел, каде рече дека Заев ниту сакал да постигне договор, ниту пак дошло до тоа, затоа што лидерот на СДСМ не дошол да се договори, затоа што договорот ќе значи чист пат за предвремени избори на кои тој треба да се соочи со народот.

-Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско,  дека ќе го доживее најголемиот пораз СДСМ досега. Ни договор сака да постигне, ниту избори сака да има. Не само со Никола Груевски, треба со два милиони глас ачи на Македонија да се соочи. Не, тој сака обратно. Да не се случат така брзо изборите, да пропаѓаат вака преговорите за да се одложат и изборите кои минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи. Доаѓањето на нови инвеститори да се забави или да прекине, да не се отвораат нови работни места, да почне да тоне економијата…И тој тука верува дека ќе го најде својот спас политички, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.