Премеирот Зоран Заев продолжува со политизацијата на правосудството во Македонија и тоа го покажа и со поставувањето на првиот човек на Судскиот совет, а се работи за личност која нема донесено ниту една пресуда во животот., посочи во четвртокот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Дневникот на МТВ,
„Ввидовме какао функционира ова обвинителство и судство, вчера за претседател на републичкиот Судски совет, човек односно дама која нема ниту една судска пресуда, ниту ден судски стаж беше избран во политизираното судство на Зоран Заев“, рече Мицкоски.
Опозицискиот челник посочи дека доколку ваквите потези на Владата предводена од СДСМ претставуваат ветените реформите во правосудството, кои од Македнија ги бара и Европската унија, не треба да зачудува чуди ако следната година наместо 111-то како годинава, земјата биде рангирана на 121-то место на листата на Транспаренси Интернешнл.
Во однос на пратениците кои дојдов во Собранието позитивни на коронавирус Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и за тоа има доволно аргументи, и покрај политизираното судство.