Заев прво ќе оди на одмор, па потоа ќе разговара за Влада

Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија, се вели во партиското соопштение од СДСМ, во кое се додава дека претседателот на партијата од утре ќе користи неколку денови годишен одмор, кој ќе го мине во државата.

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ.

Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции“, велат од СДСМ.