Заев, радикални исламисти од Беса и Стојанче Ангелов со сценарио за граѓанска војна во Македонија

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, и подготвува црно и крваво сценарио на Македонија, дознава Нетпрес од извори во безбедносните служби и од извори во СДСМ.

Според нашите, неофицијални информации, голема е веројатноста за реализација на вакво сценарио кое ќе биде потпомогнато и од радикални исламски елементи, кое би започнало со објавување на нова т.н. бомба од страна на Заев во која ќе бидат пуштени во јавност сечени, креирани и фингирани снимени телефонски разговори поврзани со злосторството кај Смилковско езеро на кои од страна на Заев ќе им се даде контекст кој би имал за цел создавање на перцепција и незадоволство на граѓаните.

Не се исклучува сценариото да започне уште денес кога е објавена нова прес конференција на Заев со почеток во 14:30 часот.

Партиски извори од опозицијата велат дека веќе неколку денови интензивно СДСМ договарале со новата албанска партија во Македонија, Беса, под чиј параван би се организирале голем број на радикални исламски елементи, веднаш пресот на Бихаќка, да се организира протест пред судовите во Скопје, и обид за насилно влегување во нив.

protest_monstrum

Истовремено, пак, преку првиот човек на Достоинство, Стојанче Ангелов, и поддршка од лица со криминални досиеја, ќе има обид да бидат нападнати некои од институциите и обид за насилно влегување во нив. Претпоставките се дека цел на овие напади најверојатно ќе бидат македонското Собрание, а не се исклучува и објектот на Македонската радио-телевизија. Како индикација за можност ова црно и крваво сценарио да започне уште денеска, е и денешното барање на Здружението за заштита на осудените во случајот „Монструм“, а според извори од СДСМ Заев се обидувал да ги контактира и да ги повика на прес конференција и родителите на убиените кај Смилковско езеро.

protest_monstrum1

Зоран Заев, свесен за немањето на ефектите кои ги посакуваше од објавувањето на досегашните т.н бомби и со немањето на поддршка од јавноста, и соочен со доказите кои несомнено постојат против него и во случајот „Пуч“ како и со криминалните активности кои се дел од случајот со барањето поткуп на струмичкиот бизнисмен и матните зделки со тендерите во општината Струмица, се обидува да предизвика меѓуетнички конфликт, обид за насилно преземање на власта во Македонија преку рушење на институциите на системот, предизвикување на расна верска и национална омраза и нетрпеливост, со еден збор граѓанска војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.