Заев расчистува со крилото на Шекеринска

Според информации од партијата извесно е дека премиерот Зоран Заев е тргнат во битка за расчистување со крилото на вицепремиерката и минситерка за надворешни работи Радмила Шекеринска, пренесува во неделата порталот ДелчевоДенес, пред одржувањето на Централниот одбор на владејачката СДСМ кога се очекува да го исполни ветувањето за промени на кадрите кои не постигнале резултати во работата што се одразива во падот на рејтингот на партијата.

Како што пишува порталот, министрите за информатичко општество и за правда, Дамјан Манчевски и Рената Дескоска, кои важат како репрезенти на таканареченото „скопско крило“ под закрила на Шекеринска, се исто така на листата кои ќе ги зафати „метлата“ на Заев.

Претходно во неделата медиумите објавија дека министерот за транспорт Горан Сугарески ќе биде заменет со сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта ,Зоран Китанов, кој е близок соработник на  Вице Заев икомпанијата  „Јавор Шпед“ на Горан Крстев, и двајцата дел од градежниот бизнис.

Заев, според исто така непотврдени информации, има намера на местото на генералниот секретар Александар Кирацовски да го постави својот најблизок соработник, сегашниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, кој беше негов шеф на кабинет додека СДСМ беше во опозиција.

Со ваквите чистки на Заев ќе му обезбеди највисоките луѓе во државата да бидат лично негови луѓе. Ова следува по смената на сите 78 претседатели на општинските организации на СДСМ, од кои голем број важеа за кадри на Шекеринска.