Заев: Разговорите се сечени, лепени и се дело на странски служби

За содржината на разговорите објевени од руски пранкстери кои му се претставуваат како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг, премиерот Заев вели дека нема ништо спорно, бидејќи тоа што го зборува се негови познати ставови. Тој смета дека тоа е директен напад на интересите на нашата земја за членството во НАТО.

Вели дека биле испочитувани се сите протоколи пред да се воспостави комуникацијата, и смета дека нема потреба да поднесе одоговорност ниту тој ниту протоколот, туку само да се извлече поука од сето ова.

Нема да дадам оставка, нема одговорност бидејќи во разговорот нема одавање тајни и сенситивни информации. Испочитувани се сите протоколи пред да се воспостави комуникацијата, рече Заев.

Рече дека во објавените разговори од страна на руските пранкери се вршени сериозни интервенци и се ставени во контекст кој не е автентичен, поради што се извлекуват невистинити заклучоци.

-Во еден дел на објавените телефонски разговори се извршени сериозни интервенци и се ставени во контекст кој не е автентичен, поради што се извлекуват невистинити заклучоци. Таков е објавениот дел за прашањето на Македонската православна црква, тоа е дел од разговорите во кој е направена интервенцијата. Таму јас единствено зборувам за мојата определба МПЦ да добие автокефалност, исто така никогаш не бил спорен ниту скриен мојот став со давање на конкретни придонеси и подршка на МПЦ дома и во странство, изјави на денешната прес конверенција премиерот Зоран Заев.

 „Ова им нанесува директна штета на нашите стратегиски интереси за членство во НАТО. Ова го прават добро организирани структури. Манипулациите доаѓаат од пропагандни медиуми со анти-НАТО ориентација. Тие се служат со дезинформации и се работи за класична политичка дискредитација. Но јас не сум единствениот. Со вакви разговори изманипулирани се голем број политичари. И можам да кажам дека сум во добро друштво“, рече Заев.

Тој додаде дека во голем дел од разговорите биле извршени сериозни интервенции, па може да се дојде до невистинити заклучоци.

„Тоа е на пример делот од разговорот за МПЦ и автокефалноста на нашата црква. Од разговорот се гледа мојот придонес и поддршка за МПЦ и дома и во странство. Секогаш работам во одбрана на интересите на нашата држава. Тоа е мојата постојана заложба. Овде се работи за незаконски активности на странски агенти. Во разговорите се слуша мојот став против промена на граници и размена на население. Во разговорот го пренесувам мојот личен став дека ќе направам сѐ што треба за автокефалноста на МПЦ“, рече Заев и додаде дека е жртва на неговата отвореност и желба постојано да биде во контакт со граѓаните и со политичарите од нашите пријателски земји.