Заев: Ребалансот е во финална фаза, ќе даде поддршка на капитални проекти и повисоки плати

Подготовката на ребалансот на Буџетот за 2019 година е во финална фаза и ќе даде поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните, објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по средбата со новата министерка за финансии Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези.

– Драго ми е што се зголемува и бројот на жени во Владата на Република Северна Македонија. Продолжуваме со поддршката на родовата еднаквост и јакнење на влијанието на жените врз политичките случувања во државава. Министерката Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези ја имаат мојата целосна поддршка да управуваат со државната каса следејќи го интересот на граѓаните, напиша премиерот Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.