Заев сака избори со ниска излезност и подготвен фалсификат

Власта не се откажува од намерата да организира избори веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Иако состојбата со короната не се смирува и секојдневно имаме новозаразени и починати СДСМ мислат на избори, објави Република.

Згора на тоа, се уште е нејасно дали претседателот Пендаровски ќе прогласи нова вонредна состојба. Но, и да не прогласи, потребно е време да исчезне стравот кај луѓето кои по излегувањето на слобода“ најмалку би мислеле на избори и на влегување на избирачки места каде повторно може да се заразат.

Јасно е дека и кога ќе се укине вонредната состојба голем дел од мерките ќе останат. Тоа сигурно ќе се однесува на забрана за групирање и за носење маски. Тоа подразбира дека кога би имале избори нема да може да има вистинска кампања и средби со граѓани.

Но, и тоа е смислен план на СДСМ. Власта се надева на ниска излезност бидејќи голем дел од гласачите, посебно постарите ќе се плашат да излезат на гласање. Власта како сигурни гласови ги смета оние ги „згрижи“ во јавната администрација“, а има најави за нови партиски вработувања.

Без директни средби со граѓани СДСМ ќе се ослободи од одговорност да зборува за реализирани проекти, автопати, нови инвестиции..бидејќи сето тоа и онака го нема.

СДСМ добро знае дека според препораките на Венецијанската комисија, избори после вонредна состојба не треба да има најмалку 60 потоа за да можат луѓето растеретени да гласааат. Тоа според датумите би паднало среде лето, кога луѓето се по одмори.

Една од причините зошто СДСМ не сака избори наесен е што дотогаш економската состојба во државата ќе станува уште потешка и ќе излезе на виделина дупката во буџетот од најмалку една милијарда евра.

Исто така набрзана организирани избори, би биле проблем за набљудувачите од ОБСЕ и ОДИХР да се ангажираат во доволен број да ги мониторираат изборите за фалсификатот кој власта очигледно го подготвува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.