Заев сака закон за обвинителство за да се спаси од одговорност

Предлогот за законот за Јавното обвинителство од владејачката СДСМ претставива продолжување на уивањето на правнито систем, и треба да бидат искрени дека сакаат да го донесат во предложената форма за амнестирање од одговорноста на нивниот лидер Зоран Заев, вели меѓу другото во интервјуто за Пресс24, челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На прашањето зошто ВМРДО-ДПМНЕ се противи на предлогот за Законот за Јавното обвинителство, Мицкоски оценува дека станува збор за предлог со кој се сака да се обезбеди потполна контрола врз оваа институција, и истакнува дека целта на власта е само амнестијата на поранешниот премиер Заев.

„Забелешките кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ за овој закон ги потврдија и експертите и целокупната реномирана правна фела. Она што СДСМ сака да го направи од овој закон е да обезбеди контрола врз обвинителството за да си обезбеди неформална амнестија за криминалите за кој ќе одговараат. Нека бидат искрени и да кажат дека законот за обвинителство го носат за амнестија на Заев. Тие сакаат и понатаму да постои една Рускоска која ќе обвинува на повик од Заев, Јовески кој ќе заштитува и Кацарска која ќе суди. Па токму за неа гледаме како сведочат дека ургирала за предмети, за судијката Дика како има обвинувања дека перела пари и за целокупната останата болумента на Заев во судството која е корумпирана до гуша“, вели дидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски порачува дека доколку СДСМ се согласат со амандманите поднесени од опозицијата со кои треба да се спречи тој всушност да го заштитува криминалот, законот може да биде изгласан и пред распуштањето на парламентот.

„Овој закон на СДСМ е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев. Е тоа нема да помине. Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон, не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО. Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди незавинсост на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ може да се изгласа законот веднаш“, посочува Мицкоски.

Во контекст на владеењето на правото и корупцијата како клучен проблем, Мицкоски најавива план за справување со појавата, кој набрзо ќе биде пресентиран пред јавноста а е разработуван со врвни странски и домашни стручњаци.

„Преку реформи во судството, овозможување на политичка волја за ослободување на правосудниот систем од канџите на криминалот и политиката. И преку одговорност за сите оние кои се огрешиле спрема законот. И тука ќе бидам немилосрден и целосно подготвен да се оди до самиот крај. Таа борба против корупцијата мора да започне низ сите шалони, од најниско, а уште поважно да се одвива во најгорните ешалони. Мора да воспоставиме правната држава и да се ослободиме од оние карикатури во судството и обвинителството кои им слугуваат на полтичките интереси. Не сакам да бидам премиер кој ќе ги дознава предвреме судските одлуки како Заев само затоа што ги нарачувал. Нарачки нема да поминат. Не сакам моите соработници да се заштитена каста за која нема да важат законите. Одговороста мора да почне од највисоките носители на власта. Разработуваме прецизна стратегија за борба против коруцијата и криминалот. Верувајте тоа ќе биде најсеопфатната акција против престапниците на законот. Потребни се драстични мерки кои ќе овозможат правда која ќе ја донесеме, затоа што е алармантна состојбата. Во текот на овој месец ќе презентираме дел од тие мерки. Во нивната изработка помагаат најреномираните странски и домашни експерти“, додаде лицерот на ВМРО-ДПМНЕ.