Заев сакал брзи избори, со ниска излезност, граѓаните сами да си граделе имунитет од короната

Неофицијално дознаваме дека лицерот на СДСМ, Зоран Заев, на лидерската средба кај шефот на државата денеска, инсистирал на брзи избори дури и по цена на влошување на здравјето на граѓаните.

Тој во една прилика кажал граѓаните може да се разболуваат, ама државата мора да има нова влада.

Неофицијално, исто така, дознаваме дека Заев не бил загрижен што за кус период не може да се донесат набљудувачи од странство, тој рекол дека изборите мора да се случат, дури и да има ниска излезност, а граѓаните сами ќе си создадат имунитет од болеста.

Во салата настанало чудење од нахалноста на Заев за избори и при што еден од лидерите му пререкол дека на Заев му се брза да загуби, а Заев на ова одговорил дека тој е свесен дека тешко ќе биде, но кризите се шанса за политичарите. На ова настанало чудење при што Пендаровски го продолжил со состанокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.