Заев: Сатира е кандидатурата на Боки 13 за лидер на СДСМ

Зоран Заев го нарече сатира најавата на Бојан Јовановски дека ќе се кандидира за лидер на СДСМ.Според Заев, Јовановски треба да биде член на СДСМ најмалку пет години и да го има ажурурано члнството.

-Прво треба ажурирање на членство и да биде најмалку пет години член на СДСМ. Сето тоа е една сатира, да му се радуваме на крајот на работниот дел на неделата. Бојан Јовановски е таков каков што е го знаеме сите, жалам што наседнале луѓе неговиот карактер но истовремено се утврди дека правосуднииот систем во државата функционира, дека и политичарите може да пријават ваков случај и секој да понесе одговорност.