Заев се бори за Русковска за спас од своите криминали

Според неофицијални информации, владиниот преговарачки тим се обидувал по секоја цена да издејствува нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО.

601

Синоќешната лидерска средба, на која премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски разговараа за Законот за јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) би требало да се трансформира во оддел на Јавното обвинителство, по седум часа преговарање заврши без успех.

Според неофицијални информации, владиниот преговарачки тим се обидувал по секоја цена да издејствува нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО. Всушност, ова на некој начин значи дека премиерот Зоран Заев се бори за директно влијание во Обвинителството.

Од СДСМ се инсистирало и сите вработени во СЈО, не само обвинителите, да преминат директно во новото обвинителство.

За опозицијата овој предлог бил неприфатлив имајќи предвид дека станува збор за компромитирани кадри, вработувани по партиски клуч и по роднински и пријтелски врски со обвинители во СЈО и луѓе блиски до врвот на СДСМ.

По неуспешната лидерска средба, може да се заклучат неколку работи. Заев не прифаќа договор за ЈО затоа што бара амнестија на скандалите и сомнежите за криминал во кој е вплеткана актуелната власт. Според извори на „Нетпрес“, тој во еден дел од разговорите кажал дека би се согласил за нов сектор во Обвинителството, но тој да не важи за предметите и скандалите кои се актуелни, туку да се гони корупција од датумот кога ќе се формира органот.

Заев, воедно грчевито се борел за задржување на обвинителката Русковска, која изгледа е неговата нова Катица Јанева. И третата работа на која што тој инсистирал е персоналот од СЈО да се префрли во новиот оддел на ОЈО по автоматизам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.