Заев се демантира себеси, го смени обвинувањето за „Македонска банка“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се демантира самиот себеси со контрадикторните изјави кои и ги презентира на јавноста.Откако помпезно најави дека ќе разоткрива криминал кај власта, Заев се најде во тесно, неуспевајќи да собере докази за неговите обвинувања.Затоа наследникот на Црвенковски, ја смени изјавата за случајот со „Македонска банка“. Иако досега гласно го обвинуваше премиерот за наводна вмешаност во овој случај, лидерот на социјалдемократите сега се поколебa. Наместо првичните тврдења дека премиерот Груевски земал пари, Заев сега вели дека ако не Груевски лично, тогаш “некој од фамилијата ги зел парите“, пишува Денешен.мк.

-Премиерот Груевски вели дека тој лично не зел пари за Македонска банка, ама тоа не значи дека некој близок со него не ги зел, порача Заев.

Ваквата негова промена во ставот следеше по изјавата на премиерот Груевски, во интервју за МИА.

Самиот факт што сега пред да заврши судската разврска, СДСМ и нивните контролирани медиуми нервозно секој ден се трудат да ја експонираат темата, покажува колку е ниска нивната самодоверба во овој случај, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за случајот со Македонска банка.

– Тој што е сигурен во себе не џавка, туку мирно го чека крајот на судската разврска. Но ќе дојде и тој ден, кога правдата и вистината ќе излезат на површина. Јасно е дека Заев негирајќи го судскиот систем уште одсега спрема терен и судската одлука да не ја признае. Мислам дека се работи за недоволно зрел човек, во најмала рака политички недоволно зрел. Некои негови постапки наликуваат на детско лутење кога ќе загуби во некоја детска игра. Но политиката не е детска игра и не е место каде некој треба да го чекаме да досозрее, пред се политички, вели Груевски за МИА.

По ваквите контрадикторни изјави на Заев, кој сакајќи за нешто да обвини се демантира самиот себе, се доказ дека тој нема аргументи и дека ја залажувал јавноста.Останува да видиме дали Заев за овој случај уште еднаш ќе го смени својот исказ, а нема да не изненади и доколку каже дека можеби бил наместен, пишува Денешен.мк.