Заев се допишувал со Боки 13: Oва е чист рекет

На денешното рочиште за случајот „Рекет” беше прочитана комуникација помеѓу Бојан Јовановски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од април 2018 година, непосредно пред случајот да биде пријавен. Јовановски ѝ ги препратил овие пораки на неговата мајка во април.

Прво Јовановски му испраќа на Заев со следната содржина:

„Никогаш не сум го злоупотребил твоето име, од секогаш сум ве почитувал. Крајната одлука за нашиот однос ќе биде твоја одлука. Јас сум ти другар и пријател. Јасно кристална ми е целата конструкција. Ве молам кога ќе можете да ме примите, му пишува Боки 13 на Заев.

Тогашниот премиер пак му враќа:

„Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен. Извини, но грозно е!”

Потоа Јовановски пак му пишува:

„Ви кажувам и тврдам, уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име”, се правдал Јовановски.

Заев, пак, повторно му враќа налутено:

„Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет!”, завршува Заев.