Заев се извинина ЛГБТ заедницата: „Педер“ е карактерна особина – не сексуална припадност

111

Премиерот Зоран Заев преку Твитер и се извини на ЛГБТИ заедницата и појасни дека во изјавата што ја даде вечерва зборот „педер“   го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност.

„ЛГБТ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер“.

Претходно, коментирајќи го случајот „Рекет“ Заев изјави дека нема, како што рече, да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. – Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност, изјави Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.