Заев се пресмета, си купи мир само за 20 дена, така вели Уставот

Дали премиерот Зоран Заев се пресмета со барањето од Собранието да гласа доверба на Владата?

Според востановенто правило, откако ќе им се изгласа доверба на Владата, 90 дена не смее да се покренува нова постапка за гласање на доверба. И точно, тоа е така, ама кога тоа ќе го побараат најмалку 20 пратеници.

Денеска самиот премире побара гласање за доверба. Арно ама во член 92 од Уставот се вели: „Доколку довербата се постави од 20 пратеници член 92 и владата опстане тогаш не може во рок од 90 дена било кои пратеници да бараат повторно гласање за довербата на владата“.

Потоа: „Доколку доверба е изгласана по барање на самата влада член 93 од Устав, тогаш нема ограничување или рок ког аповторно може да се гласа доверба. Може по 20 дена, теоретски 20 пратеници да поднесат повторно барање за гласање доверба и мора да им се стави на дневен ред…“.

По се, изгледа дека Заев си купи мир само 20 дена, така што може да пресметува кој може да му побегне и да му изгласаат недоверба.