Заев си кажа, ако остане на власт 20 отсто од администрацијата ќе оди во приватен сектор

267

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција најави дека во следниот мандат доколку владеачката партија победи на предвремените парламентарни избори ќе се намали една петтина од администрацијата.

„Отстранување на бирократизацијата која што ја имаме во државата, со сите мерки na checks and balances и во правосудниот систем, ослободување на 20 отсто од администрацијата и нејзино пренасочување во приватниот сектор“, рече Заев.

Лидерот на владеачката партија не спомена дали ваквата одлука се должи на барањата во преговорите со Европската унија што се ичекува да започнат до крајот на годината, иако овој процес власта го заговара подолго време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.