Заев со честитка за католички Велигден: Празникот да ни ја даде силата за изградба на едно општество за сите

Премиерот Зоран Заев по повод христијанскиот празник Велигден, што го прославуваат верниците на Католичката црква, упати писмо со честитки до Г. Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Римокатоличката Црква во Република Македонија.

„Овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови поминати во пост и молитва, крајот кој, всушност, завршува со победата над смртта која ја славиме со воскликот „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – се вели во честитката на Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.