Анализи

Заев со диктатура и репресија ќе ја брани промената на уставното име

Заев со диктатура и репресија ќе ја брани промената на уставното име

Бруталноста со којашто настапи полицијата против граѓаните коишто протестираа пред Собранието против потпишувањето на договорот со Грција, односно промената на уставното име на Релублика Македонија, многу јасно покажува на што се е подготвена владата на Зоран Заев само за да ја зачува власта, на којашто, сега се докажува, беше донесена.

Петнаесетина лица, меѓу кои шест универзитески професори, актерка и еден новинар, настрадаа во нападот на полициските интервентни сили врз демонстрантите. Полицијата на Оливер Спасовски употреби шок бомби и солзавец, според некои тврдења дури и гумени куршуми, за да го разбие протестот на незадоволниците. Станува збор за многу јасна порака дека ако треба и со крв ќе се брани испорачувањето на нарачката од Заев на оние коишто го доведоа на власт, во случајот промената на името и ревизијата на највисокиот законски акт во земјата.

Ваквата порака произлегува од неколку моменти во врска со протестите и начинот на кој одговори власта, и тоа без каков и да е повод. Прво, неколку илјади граѓани, претежно семејни возрасни луѓе, интелектуалци, меѓу кои десетици универзитетски професори и уметници и други општествени дејци, уште неколку дена пред потишувањето на договорот во неделата во Преспа протестираа пред Собранието. И немаше инцидент. Но откако, и покрај најоптимистичките очекувања на многумина, сепак договорот за преименување на Република Македонија беше потпишан, власта ја уведе опасноста дека речиси целонеделните протести кои секојдненво добиваа на масовноста очигледно ќе се претворат во широк фронт против нејзините севкупни политики, беше преземен чекорот да се покажа до каде Заев е подготвен да оди во спротиставувањето со најголемиот дел од своите сонародници.

Оттаму не зачудува класичното полициско сценарио во неделата вечерта – на многубројни полициски сили, инструментализирање на одредена групација млади бунтовни лица со уфрлување класични провокатори и подготвени медиуми да известуваат за „насилствата“ пред Собранието. Технологија својствена за диктатури, или еуфимистички кажано – авторитарни режими кои сакаат својата волја да му ја наметнат на целото општество. Но во случајот на Заев неизоставно тоа ќе биде одмолчено од Брисел и Вашингтон. Зашто тоа, како што и самиот сака да каже, тој е нивен проект.

Интригантно е, исто така, што вчерашниот организатор на протестот не го повика мноштвото да протестира пред Собарнието, наместо пред Владата којашто го потпиша договорот. Може да се претпостави дека станува збор за обид незадоволството на масата да се пренасочи врз пратениците, наместо кон оние кои ги прифатија ваквиот текст, кој и граѓаните и најголемиот дел од експертската јавност го оценува како капитулантски.

А додека полицијата тепаше и тоа без вистински повод пред Собранието, вториот човек и во партијата и во владата на Заев, Радмила Шекеринска се одважи во стилот на најцрната пропаганда од телевизиските апарати да обвинува голем дел од македонскиот народ. За Шекеринска оние што протестираат изминатите денови не бил народ, биле платеници.

„Сиве овие денови живееме под нивната психоза, дека чудо треба да се случи, дека народот е на улица. Но, народот не е на улица. На улица се повторно платени луѓе, кои, замислете, ги земаат парите и земаат сатисфакција во тоа што напаѓаат полиција“, рече Шекеринска. И, се разбира, ниту поцрвене од срам.

Ова го кажа лице коешто две години предводеше групација партиски и невладини активисти, кои и тогаш земаа пари а сега се на платен список на Владата и државните институции, кои ја тормозеа целата држава, фрлаа молотови коктели, сквернавеа споменици и објекти, и маскирани со шипки ги удираа полициајците во кордоните. Шекеренска е релативно млада и релативно е кусо е времето кога скапите чевлички ги шеташе по скопските плочници како влог дека ќе биде наградена со власта, за да заборави што се случуваше пред две години.

Севкупно, онака како што се одвиваше нападот на полицијата врз демонстрантите во неделата вечерта, којашто даде контроверзно обајснување за наводен обид за упад во парламентот а групата се упатила кон плоштадот Македонија или демолирала кафулиња или употребила пиротехника според повеќето обајснувања на МВР, укажува на намерата уште еднаш да се исценира нов „27-ми април“. Расплет кој може да му донесе полза на Заев, и повторно да биде употебен против опозицијата којашто доколку би застанала цврсто и автономно зад овие граѓански протести, сигурно е дека тие би биле и далеку помасовни.