Заев: Со името „Северна“ ја исполнивме вековната аспирација на нашите предци

Направивме чекори за пример и цел свет зборува за тоа. Конечно го фиксиравме, го зацврстивме идентитетот, никој веќе не го спори македонскиот јазик и македонскиот народ, порача премиерот во заминување и претседател на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат” во Гостивар.

Во Обединетите нации нема веќе ФИРОМ, сега е впишана личната карта на нашата држава, таму, во ООН е запишано, македонски јазик и Македонци. Ја исполнивме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци и затоа треба да сме горди – рече премиерот во заминување Заев.