Заев: Со СДСМ земјоделците имаат сигурен пласман

Фејсбук објава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Со #СДСМ земјоделците имаат сигурен пласман, неселективно исплаќање субвенции и почит за нивниот труд. Денес имаме земјоделци кои навремено ги добиваат субвенциите, кои се ценети и почитувани. Браќата Јованче и Пецо од село Долно Агларци ни го потврдија тоа. Ти се корисници на субвенции за предадено млеко, за грло за добиток, како и за тутун и житни култури.

Јас се гордеам што сум човек од село, што сум работел земјоделие, што ја знам земјоделската мака. Знам да ги решавам проблемите согласно потребите на земјоделците, согласно проблемите на граѓаните.

Од другата страна имаме против-кандидат што ниту знае што е производство на жито, ниту знае сточарство, ниту тутун, ниту лозарство, ниту чушки и френки што се.

Огромна е таа разлика помеѓу нашите концепти и тоа ќе се потврди на 15 јули низ целата наша држава. Заедно со земјоделците #можеме уште повеќе и уште подобро да го развиеме земјодеството, кое е клучно за развој на целото стопанство.