Заев: Со Законот за употреба на јазиците никој не загубил ништо

Гостивар е изворот на концептот едно општество за сите и тој негов дух го потврдуваме низ целата држава, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина во Гостивар.

„Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, пример на единство и сплотеност. Тоа е иднината, тоа единство и заедништво е единствениот исправен пат, модел кој може да на јакне и на економски план, и како народ и како држава и како луѓе. Тоа е единствениот модел кој може да им гарантира подобра иднина на нашите деца. Ви благодарам што верувате во тој концепт, ви благодарам што верувавте во овој концепт и кога многу други не веруваа“, порача Заев пред граѓаните на Гостивар.

Тој додаде дека со носењето на Законот за употреба на јазиците, никој не загубил ништо, а со него се доби само повеќе единство и меѓусебно разбирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.