Заев троши по 120 евра дневно во ресторани и кафеани

заев

По 120 евра секој ден, без разлика дали е делник или празникмм изнесѕва просекот на државни пари што премиерот ги троши во ресторани и кафани дома и во странство, се наведува во прилогот на телевизијата Алфа.

Според пресметките, минатата 2018 година, за угостителски услуги државата само за премиерот Зоран Заев платила 44.000 евра.

На второ место во оваа категорија пак е вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи кој за угостителски услуги потрошил 9.100 евра, бронзата со 9.000 во оваа категорија ја има вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Според јавно достапните информации од Владата вкупните трошоци од службените картички за минатата година биле речиси половина милион евра, се наведува во прилогот на ТВ Алфа.

Најмногу трошел премиерот Зоран Заев, кој вкупно од државната картичка лани потрошил 56.000 евра или нешто повеќе од 150 евра во просек дневно,следува  министерот за надворешни работи, Никола Димитров кој дневно трошел по 120 евра или вкупно 44.000 годишно, а трет е вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој потрошил 30.000 евра во 2018 година.

Вкупно седум владини функционери потрошиле повеќе од 16 илјади евра. Веднаш зад првите тројца е вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, со потрошени речиси 22 илјади евра, државниот секретар во МНР, Виктор Димовски потрошил нешто повеќе од 18.500 евра, шефицата во Министерството за одбрана, Радмила Шекеринска потрошила 17,300 евра, листата од седумте најголеми трошаџии ја затвора министерот за економија, Крешник Бектеши, со потрошени 16.500 евра.

За подароци, пак, лани биле потрошени повеќе од 8.500 евра. И тука најмногу трошел Заев, со потрошени 2.500 евра, а по него се Димитров и Димовски.

Со такси пак најмногу се возеле министрите за здравство и дијаспора, Венко Филипче и Едмонд Адеми.

Владата во текот на минатата година за потребите во институциите, за месо потрошила 40.000 евра, додека пак за кафе 45.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.