Заев тврди дека сите ‘бомби’ му ги предал на СЈО

Сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), изјави во четвртокот премиерот Зоран Заев, прашан дали може да гарантира дека „бомбите“ кои во последниот период се појавуваат на социјалните мрежи, не се излезени од СДСМ.

Посочи дека „бомбите“ во најголем дел се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт.

Очекувам истражните органи да откријат од каде потекнуваат и да постапат согласно законот. Воспоставивме закон и дел од Пржинскиот договор беше и оваа законска регулатива што е денеска е на сила и по неа треба да се постапува, изјави Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.